| |
| Ново |
Автоматизација на машина за полирање мермер - Тимот на Фидко успешно изврши автоматизирање на машина за полирање мермер во “Мермерен комбинат“ - Прилеп...
Прочитај повеќе |
Полначи за акумулаторски батерии - Фирмата Фидко произведува регулирани полначи за акумулатори кои овозможуваат полнење и одржување на батериите според однапред зададена карактеристика.
Прочитај повеќе |
MB-600 - Целосно автоматизирана машина за пакување на брашно...
Прочитај повеќе |
SCADA систем - Тимот на Фидко ја замени старата автоматика на транспортниот систем во Скопски Легури со нова модерна автоматика, вклучувајќи и изработка на SCADA систем кој овозможува целосно управување и надгледување на процесите преку персонален компјутер...
Прочитај повеќе |
|
Проекти
 |
Рударски Локомотиви
Фидко произведува тролејни и акумулаторски локомотиви за рудници. Нивната тежина е помеѓу 4 и 15 тони. Производството не е сериско, туку е производство со дадени параметри и димензии за секој клиент посебно. Ниво на спрегнатост е меѓу 72V - 550V. Влечната сила е меѓу 12.000-55.000 KN.
Прочитај повеќе
|
 |
Машина за Бушење Цевки - МБЦ 60
Машина за дупчење цевки. може да буши од една или од две страни цевки со пречник до 60mm, квадратни профили до 50x50mm, рамни лимови до 60x10mm, Т-профили до 40x40mm од челик или нерѓосувачки материјал. Нема занесување на дупките благодарение на прецизното водење.
Прочитај повеќе |
 |
Компјутерско управување на автоматска линија за изработка на метални сегменти за решеткасти столбови
Во текот на првата половина од 2008 година нашиот тим реализираше целосна замена на 20 години старата автоматика и компјутерско управување на автоматска линија за изработка на дупчени сегменти за решеткасти столбови во погонот ЧРС - Кичево на ЕМО-ОХРИД.
На оваа линија во целосно автоматизиран процес се изработуваат сегменти од железни L – профили од кои се составуваат решеткастите столбови за електрични далеководи и слични метални конструкции (како што е гигантскиот крст на Водно над Скопје).
Прочитај повеќе
|
 |
Ексцентар преса за дупчење на лимови
Во Емо – Охрид беше направено реновирање и целосна замена на автоматиката и компјутерското програмирање на машината наречена “Trumpf”. Машината е ексцентар преса за дупчење на лимови до 6 mm со регулирано движење по две оски X и Y, во хоризонтална рамнина.
Максималната работна површина е со димензии 2000x1300 mm. Помошните движења се изведуваат со помош на хидраулична и пнеуматска опрема.
Прочитај повеќе
|
 |
Машина за пакување брашно-МБ-1К
Машината МБ-1К е наменета за пакување на брашно во хартиена амбалажа од 1 и 2 килограми.
Целосно автоматизиран процес, упрауван од PLC.
Продуктивност 600 килограми на час.
Инсталирана електрична моќност 4 kW.
Механичките движења се остваруваат со пневматски погон.
Дијагностика на целиот процес со текстуални пораки на екран.
Прочитај повеќе
|
 |
Автоматика и SCADA за транспортен систем со бескрајни ленти
Транспортниот систем за руда и разни материјали за топилницата на Скопски Легури е базиран на транспортни бескрајни ленти (конвејери), комбиниран со дробење и сеење на материјалите. SCADA системот што фирмата Фидко го инсталираше, овозможува адресирање на почетната и крајната дестинација за дотур на материјалот, обезбедува прегледност на работата на конвејерите, сигурно командување и води сметка за безбедноста и правилното функционирање на системот. Ракувачот командувањето го врши преку персонален компјутер кој комуницира со програмибилен логички контролер снабден со преку 300 влезни и 100 излезни сигнали.
Прочитај повеќе |
 |
Полначи за акумулаторски батерии
Фирмата Фидко произведува регулирани полначи за акумулатори кои овозможуваат полнење и одржување на батериите според однапред зададена карактеристика. Софтверот за управување вграден во микроконтролер овозможува избор на параметрите и карактеристиките на полнењето. Стандардно се застапени полнење со константна струја, при константен напон, Wa карактеристика, и нивна комбинација. Струја на полнење од 0 до 10 000 А. Напон на батерија од 6, 12, 24, 48, 72, 120, 220 V или по желба на нарачателот
Прочитај повеќе |
 |
Полирка за мебел
Тимот на Фидко успешно изврши автоматизирање на машина за полирање мермер во “Мермерен комбинат“ - Прилеп...
Прочитај повеќе |
| |
|
| |
|
| |
|
|